зеленски

Зеленски ја обвини Русија за воени злосторства

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека опсадата на пристанишниот град Мариупол ќе влезе во историјата поради, како што рече, воените злосторства извршени од руските војници.

„Да му се направи на овој мирен град она што го направија окупаторите е терор што ќе се памети со векови“, рече Зеленски во видео обраќањето до нацијата.

Руските сили навлегле подлабоко во опколениот и оштетен град, а локалните власти бараат дополнителна помош од Западот.

Во меѓувреме во западниот град Лавив утринава се огласиле воздушни сирени, јавува Би-Би-Си. Жителите на многу други градови и региони низ Украина исто така беа разбудени од сирени. Меѓу нив се главниот град Киев, Суми, Харков и Запорожје, јавуваат локалните медиуми.

Најмалку 20 бебиња кои ги носеа сурогат мајка се заглавени во главниот град на Украина Киев, чекајќи нивните родители да ги земат во воената зона. Бебињата, од кои некои се стари само неколку дена, ги згрижуваат медицински сестри кои не можат да го напуштат прифатилиштето поради постојаното гранатирање од страна на руските војници кои се обидуваат да го опколат градот.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …