Зеленски очекува нови напади од Москва

Зеленски очекува нови напади од Москва

Русија има доволно проектили за да изврши уште тешки напади врз Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски, по бранот руски напади изминатите денови. Во меѓувреме украинските власти информираат дека снабдувањето со електрична и топлинска енергија постепено се враќа во градовите кои беа цел на нападите во петокот со употреба на 76 проектили.

Киев ја обвини Москва дека ја користи зимата како оружје, таргетирајќи ги основните објекти, како и дека нападите се насочени кон цивилната инфраструктура, бидејќи температурите паѓаат под нулата во многу региони.

Делови од Кијив викендов останаа без струја и греење, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко. Но, снабдувањето со вода сега е целосно обновено во градот. Во вториот град по големина во земјата, Харкив е вратена електричната енергија, соопштија властите, по нападите во петокот, чија цел беа енергетските станици. Локалните власти соопштија дека биле погодени дури девет електроенергетски постројки додека руските сили истрелале  голем врој проектили и извршиле напади со беспилотни летала.

Прочитајте повеќе

Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Над 1.000 луѓе починале за време на аџилакот во Саудиска Арабија

Повеќе од 1.000 луѓе починале за време на годинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремните …