земјотрес

Земјотрес од 3,6 степени почуствуван во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира земјотрес во 15 часот и 1 минута чиј епицентар се наоѓа на 125 километри јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

„Земјотресот беше со Рихтерова магнитуда ML3,8 а беше најсилно почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензиет од III-IV степени според истата скала“, информираа надлежните.

Според досегашните податоци земјотресите не предизвикаа материјални штети.

Прочитајте повеќе

ЕУ знаме

ЕК: Скромни резултати во образованието, добар напредок во науката и во истражувањата

Според извештајот, спроведувањето на Стратегијата за образование 2018–2025 и развојот на систем за следење на …