Земјотрес почувствуван во југозападниот дел од земјата

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 06 часот и 25 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија

„Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4,9 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид, Струга, Битола Ресен и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од три степени според истата скала“, известува Центарот за управување со кризи.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на …