Земјотрес со јачина од 3,1 степени им го сруши сонот на охриѓани и стружани

Земјотрес со јачина од 3,1 степени им го сруши сонот на охриѓани и стружани

Утрово во 3 часот и 26 минути земјотрес ги разбуди граѓаните во регионот на Охрид и Струга. Според Европската макросеизмичка скалаземјотресот бил со јачина од три до четири степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,1 степени, а епицентарот се наоѓал на 125 километри југозападно од Скопје во Охридското епицентралното подрачје.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …