Жителите на прилепската населба Варош и градоначалникот Јованоски, заедно го одбележаа Голем Петок

Жителите на прилепската населба Варош и градоначалникот Јованоски, заедно го одбележаа Голем Петок

Жителите од најстарата прилепска населба Варош, денеска го одбележаа христијанскиот празник Голем Петок – Балаклија, празник кој се чествува секој прв петок после Велигден и кој е домашна слава на многу семејства.

По тој повод, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пратеничката Кети Смилеска и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, ја посетија населбата и остварија средба со жителите на Варош.

Жителите на прилепската населба Варош и градоначалникот Јованоски, заедно го одбележаа Голем Петок

Честитајќи им го празникот, градоначалникот Јованоски истакна дека овој ден е од големо значење за жителите на Варош, кои во духот на традицијата го прославуваат со празнична трпеза. Тој напомена дека овој ден меѓу жителите на населбата е познат и како „Излечив Петок“, бидејќи постои верување дека доколку ова утро ги измијат рацете и лицето, тоа ќе им донесе излекување од сите болести.

„Кога ќе се пробудат ова утро, граѓаните одат на првата чешма да ги измијат рацете и лицето, затоа што постои верување дека ќе ги излечат раните и болестите кои што ги имаат. Овој празник има долга традиција во Варош и оваа прилика ја користам на сите жители од оваа населба да им го честитам Голем Петок и да им посакам пред се’ добро здравје, среќа, радост, успех и благосостојба“, изјави Јованоски.

Градоначалникот Јованоски, министерот Сугарески, пратеничката Смилеска и претседателот на Совет Талевски, го посетија и манастирот „Св.Архангел Михаил“ и манастирската црква.

 

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …