УКИМ

Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

На Зимската школа ќе учествуваат 81 семинарист Кина, САД, Австралија, Германија, Франција, Турција, Полска, Словенија, Чешка Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, НР Кореја, Јапонија, Хрватска, Србија, Руска федерација, Украина, Италија и Тајланд

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) ја организира четвртата зимска школа којаќе трае пет дена, односно до 26 јануари (на далечина), информираат оттаму. Директорката проф. д-р Кристина Николовска кажа дека годинава со нов концепт и со проактивност, поттикнале голем интерес за македонистиката во светот.

На Зимската школа ќе учествуваат 81 семинарист Кина, САД, Австралија, Германија, Франција, Турција, Полска, Словенија, Чешка Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, НР Кореја, Јапонија, Хрватска, Србија, Руска федерација, Украина, Италија и Тајланд.

„Годинава семинаристите работат во две секции: јазична и литературно- културолошка (со Преведувачка работилница). Покрај лекторските вежби, за првпат има и предавања по македонска книжевност и култура од еминентни професори. Со нов концепт годинава е курсот за македонска книжевност и култура кој ќе овозможи поширока палета содржини како што се предавања од: средновековна книжевност, народна книжевност, македонскиот 19 век, современа македонска поезија, кулутрологија и популарна култура“, рече Николовска.

Ректорката на УКИМ, на свеченото отворање на зимската школа кажа дека во годината кога се слави јубилеј 75 години од основањето на Универзитетот, се отвораат вратите на македонистиката кон македонистите од целиот свет.

„Големиот интерес на 81 семинарист е потврда дека македонистичката мрежа од целиот свет е во постојана експанзија и во охрабрувачки подем. Македонистите од светот сé повеќе покажуваат интерес кон: изучување на македонскиот јазик, македонската книжевност и кулутра“, истакна ректорката проф. д-р Биљана Ангелова.

Меѓународниот семинар при УКИМ својата дејност ја развива преку 11 македонистички лекторати во 9 земји. На преведувачката работилница ќе се работат препеви на поезијата на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, од кои потоа ќе се печатат два Зборника поезија со кажувачки. Програмата предвидува и средби со врвни македонски писатели: академик Влада Урошевиќ, Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, како и со младиот талент Македон Димитровски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Пластика Ѓубре

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, присутна е во секоја животна …