СЗО алармира на пораст на случаите на сипаници во Европа

СЗО алармира на пораст на случаите на сипаници во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си.

Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година.

„Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21 илјади хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест“, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

СЗО смета дека причината за ова е бидејќи помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата Ковид-19.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …