Бурен политички ден: Годишно обраќање на претседателот Пендаровски и формализирање на оставката на премиерот Заев

Претседателот Стево Пендаровски денеска во 12 часот ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Пендаровски, како што веќе е најавено, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамките на 56 собраниска седница, каде ќе говори за актуелните случувања во изминатиот период и за очекувањата во следната година.

Годинава тој на пратениците ќе им се обрати во интензивна политичка клима, во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјата повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата влада во Софија на Кирил Петков дека процесот на решавање на спорот ќе се забрза, но и споменување на рок од шест месеци за да се стори тоа.

Годишното обраќање на Пендаровски се случува пред најавена оставката на премиерот Зоран Заев, која треба да биде формализирана во текот на денешниот ден. Негов наследник и нов премиер ќе биде Димитар Ковачевски.

Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на добивањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Прочитајте повеќе

Стефан Димковски, кој го возел Палевски до Турција, доби кривична и 30-дневен притвор

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека уште вчера поднеле кривична пријава по брза постапка …