Влада

Владата ја одржува редовната 28 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 28 седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред министрите ќе се најде Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информација со Предлог-меморандум за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија.

Прочитајте повеќе

Агенција за храна АХВ

АХВ казнила продавачи на сирење на пазарчето во Буњаковец и месар во Прилеп

По надзорот на пазарот во Скопје, инспекторите на Агенцијата уништиле 8 килограми сирење, 2 килограми …