време облачно студено

Облачно и студено време, од четврток затоплување

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 9 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, но и со сончеви периоди. Утринските температури до четврток ќе бидат ниски, а дневните во постепен пораст и до крајот на работната недела ќе достигнат 20 Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

Температура Топломер Грип

Повеќе од 2.000 нови случаи на грип за една недела, регистрирани два смртни случаи

Во текот на третата недела од 2026 година пријавени се и два смртни случаи асоцирани …