Во Центар Жупа повторно нема цензус за избор на градоначалник

Во Центар Жупа повторно нема цензус за избор на градоначалник

На вчерашните повторени локални избори за градоначалник на Центар Жупа повторно не беше обезбеден цензус од 33 насто од гласовите, така што оваа рурална општина и натаму останува без градоначалник. Претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјас за Радио Слободна Европа изјави дека од вкупно 7.077 избирачи гласале 2.121 што значи 29.68 насто, односно недостигале околу 4 проценти од гласовите или само 240 гласови. Според него, на изборите учествувале и печалбари кои биле дојдени од Италија за изборниот процес, но сепак, цензусот не е постигнат. Илјас притоа соопшти дека кандидатот на Турската демократска партија Арјан Ибраим добил 1.888 гласови, додека неговиот противкандат Шаин Шакир освоил 165 гласови, а 68 ливчиња биле неважечки.

Печалбарите клучни на изборите за градоначалник во Центар Жупа

Повторениот изборен процес за избор на градоначалник во оваа рурална општина е поради тоа што на октомвриските локални избори кои се одржаа минатата година, не беше обезбеден цензус, бидејќи гласаа само 25 насто од избирачите.

Членови на новиот Совет на општината изразија загриженост поради необезбедувањето на цензусот за избор на градоначалник по втор пат. Според дел од нив, надлежните институции можеби требало да го реализираат изборниот процес со нов избирачки список според новиот попис, бидејќи изборите се реализирани со списоци од претходниот попис.

Претставници на здруженијата на печалбарите од Центар Жупа во Италија информираа дека за вчерашните избори во родниот крај пристигнале над 600 печалбари, но и тие не помогнаа да се избере градоначалник.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …