Христоски: Образовниот процес мора да продолжи, наставниците добиваат поголеми плати и регрес за годишен одмор

Христоски: Образовниот процес мора да продолжи, наставниците добиваат поголеми плати и регрес за годишен одмор

По повод одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Никола Карев“, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски заедно со делегација на крушевското училиште предводена од директорката Оливера Чавкароска, положија цвеќе на споменикот на Никола Карев.

Во својата изјава, градоначалникот Христоски повика на целосно нормализирање на наставата и враќање на учениците и наставниците во училниците.

„Денес оддаваме почит на Никола Карев, револуционер и претседател на Крушевската Република, образован човек кој е пример за многу од нас. Во образовниот процес не смее да има ни ден пауза, затоа ги повикувам наставниците да се вратат на работа и целосно да се нормализира наставата. Просветните работници ќе добиваат поголеми плати, а со најновиот договор меѓу Владата и СОНК, ќе добијат и регрес за годишен одмор“, порача градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …