Екс-командант во војската на босанските Срби осуден за воено злосторство

Екс-командант во војската на босанските Срби осуден за воено злосторство

Поранешен командант во војската на босанските Срби е осуден на 15 години затвор за соучество во киднапирањето и убиството на 20 цивили кои беа симнати од воз, а подоцна мачени и убиени за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година.

Судот на Босна и Херцеговина на 19 јануари одлучи дека Бобан Инѓиќ учествувал во убиствата и го осуди, со што заврши судскиот процес што започна во 2015 година за воено злосторство извршено пред 30 години. Притворот му е продолжен по првостепената пресуда, која може да се обжали.

Судот заклучи дека Инѓиќ бил дел од групата војници и паравоени сили на босанските Срби кои го нападнаа возот и ги киднапираа 20-те патници во февруари 1993 година.

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …