Бензинска станица

Ново намалување на цената на горивата

Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 84,00 ден/лит.

За 1,5 ден/лит се намалуваат и малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1).

Тоа значи дека новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 77,00 ден/лит.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …