Нов земјотрес во Турција, на пат се спасувачки тимови од ЕУ

Нов земјотрес во Турција, на пат се спасувачки тимови од ЕУ

По првиот силен земјотрес, Турција доживеа нов потрес – размерите на катастрофата на турско-сириската граница е тешко да се измерат, бројот на жртви расте, стигнува помош од странство.

Во катастрофалните земјотреси на турско-сириската граница загинаа најмалку 1500 луѓе, а илјадници се повредени.Земјотрес со сила од 7,7 степени ја потресе југоисточна Турција во раните утрински часови, а денеска напладне следуваше уште еден, со јачина од 7,5 степени. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска претпладне регистрирани се најмалку 912 жртви, повеќе од 5300 луѓе доживеале повреди.

Во Сирија исто така се качува бројот на мртви во земјотресот – на 590 според последните информации и 1600 повредени, како што соопштија заменикот министер за здравство Ахмед Џамиријех и хуманитарната организација САМС, активна во областа контролирана од бунтовниците во земјата.

Епицентарот на првиот потрес, како што соопшти Службата за справување со катастрофи, се наоѓа во провинцијата Караманмарас, во близина на границата со Сирија. Регистрирани се серија последователни потреси, а дождот, врнежите од снег и студот ги отежнуваат спасувачките операции.

Меѓу урнатите објекти во Турција, покрај станбени згради, е и болница во градот Искендерун, а во градот Газиантеп е силно оштетен и еден дворец, дел од Културното наследство на УНЕСКО.

Властите во Турција упатија повик до граѓаните да телефонираат преку интернет, за настраданите под урнатините да имаат предност во упатувањето повици преку мобилната телефонија. Температурите во настраданите области се наоѓаат под нулата, а на места врне обилно снег. Хуманитарните организации во погодените региони повикуваат, покрај дарување крв, и на донации во форма на ќебиња, греалки, зимска облека, пакети со прехранбени продукти и детска храна.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Филипче во Гевгелија

Д-р Филипче од Гевгелија: Како пратеник ќе останам достапен за грижите, но и за идеите на граѓаните

Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче …