Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите.

„Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март до 31 мај 2023 година“, рече Ковачевски.

Тој повтори дека Владата ќе продолжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Прочитајте повеќе

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ еднократно ќе го искористи ЗНАМ и потоа ќе го фрли на буниште

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ еднократно ќе го искористи ЗНАМ и потоа ќе го фрли на буниште

На централниот митинг во Струмица кој се одржа вчеравечер, меѓу останатите говореше и носителот на …