полиција

Полицаец вон должност и уште двајца нападнати кај скопската обиколница

МВР соопшти дека уапсило две лица по жестокиот напад ноќеска во 1 часот, на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во близина на клучката Радишани. Нападнати биле еден полицаец вон должност и уште две лица што биле со него во автомобилот.

Според полицискиот билтен, уапсени се Н.Б. и Е.Б. Тие, заедно со уште едно лице, со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ ноќеска му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале.

Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство.

На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, објааснува МВР.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …