СДСМ Прилеп: Задолжувањето на граѓаните со 7.5 милиони евра е неодговорност и лудост на локалната власт

СДСМ Прилеп: Задолжувањето на граѓаните со 7.5 милиони евра е неодговорност и лудост на локалната власт

Со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, општинскиот Совет ја изгласа Одлуката за задолжување на Општина Прилеп преку издавање на обврзници во висина од 5 милиони евра. Според најавата на локалната власт, средствата од обврзницата ќе бидат наменети за изградба на кружен тек и две улици.

Во бурната дебата која ја иницираше опозицијата, советниците на СДСМ и Коалицијата изнесоа низа аргументи заради кои, како што рекоа, градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од намерата за издавање обврзници со кои долгорочно ќе ги задолжат граѓаните со сума која заедно со каматите, ќе достигне над 7.5 милиони евра.

Во таа насока, координаторката на советничката група, Моника Грашеска – Илиеска, изјави:

„Уште од првичната најава на градоначалникот Борче Јовчески за издавање на обврзница, ставот на советничката група на СДСМ и Коалицијата беше јасен и принципиелен: издавањето на обврзница од 5 милиони евра, која заедно со каматите ќе ја достигне сумата од 7.5 милиони евра, е крајна неодговорност и лудост!

За изградба на инфраструктурни објекти од типот на кружни текови и улици, Општината треба да изработи проекти со кои ќе аплицира во домашни и странски институции и фондови. Факт е дека Јовчески не го направи тоа и дека својата неспособност сака да ја прикрие со огромно финансиско задолжување на грбот на прилепчани.

На денешната седница, нашата советничка со аргументирани излагања уште еднаш се обиде да укаже на неразумната намера. За жал, и градоначалникот Јовчески, и советниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека се слепи партиски послушници кои работат спротивно од интересите на граѓаните.

Но без разлика на денешната одлука на мнозинството во Советот, СДСМ и Коалицијата преку разни форми ќе продолжат да укажуваат на штетноста која градот и граѓаните ќе ја имаат од милионското задолжување, со надеж дека градоначалникот Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ ќе се вразумат и ќе се откажат од нивната намера“.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …