Синодот на МПЦ-ОА денеска носи одлука за обединување со ПОА, црквата на Вранишковски

Синодот на МПЦ-ОА денеска носи одлука за обединување со ПОА, црквата на Вранишковски

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), денеска во полн состав треба да донесе одлука за обединување на МПЦ-ОА и Православната охридска архиепископија (ПОА), со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, објави порталот религија.мк.

Во Синодот во полн состав, според Уставот на МПЦ-ОА, членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Во текстот се наведува дека бил постигнат начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Со обединувањето и формално згаснува ПОА, а сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

По повеќе од половина век минатата година МПЦ се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ еднострано прогласува автокефалност од Српската православна црква.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …