Трамп рече дека ќе се предаде во Џорџија в четврток

Трамп рече дека ќе се предаде во Џорџија в четврток

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека ќе им се предаде на властите во Џорџија во четврток за да се соочи со обвиненијата во случајот за наводно незаконско планирање да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година.

„Можете ли да верувате? Ќе одам во Атланта, Џорџија, во четврток за да бидам уапсен“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, неколку часа откако му беше одредена кауција од 200.000 долари, според судските документи поднесени денес.

Канцеларијата на шерифот на округот Фултон соопшти во денес дека кога Трамп ќе се предаде ќе има големо обезбедување и ограничување на областа околу главниот окружен затвор.

Извор: VOA

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …