цигара пушење

Од утре цигарите поскапуваат за 5 денари

Повисоки цени ќе имаат и пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари

Од утре цигарите ќе имаат нова цена – тие поскапуваат за 5 денари, а тоа е резултат на стапување на сила на измените на Законот за акцизите, донесен пред неколку дена. Со законските измени се очекува во буџетот да се внесат околу 13 милиони евра годишно.

Повисоки цени ќе имаат и пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари.

По членот 84 од измените на Законот за акцизите се додава нов член 84-а, кој гласи: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Дополнително, на членот 85 се додава нов член 85-а според кој акцизата на пури изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од малопродажната цена, стои во законските измени.

Дополнително, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите според најавите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот на Народна банка

Советот на Народна банка, на редовната седница, го усвои Годишниот извештај за 2023 година

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 25 април 2024 година, го усвои …