СДСМ: За ДПМНЕ, наутро Левица се Хамас, а навечер Мицкоски најавува коалиција со нив

СДСМ: За ДПМНЕ, наутро Левица се Хамас, а навечер Мицкоски најавува коалиција со нив

Соопштение за јавност на СДСМ

ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамас, а Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со нив.

Дури Мицкоски вели дека ќе преговарал на маса за вредностите со проруската Левица.

Кои вредности се тоа? Против НАТО и против ЕУ, изолација, диктатура, режим и потпалувачка реторика. Тоа се вредностите на Левица за кои Мицкоски сака да преговара.

Со признанието на Мицкоски за коалиција со Левица, јавноста ги виде „вредностите“ на ДПМНЕ.

Мицкоски и ДПМНЕ се против стратешките интереси на државата, против НАТО, против ЕУ, но затоа се ЗА коалиција со Апасиев и Левица.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …