ревизорски извештај за ЈКП Комуналец од Прилеп

Државниот завод за ревизија објави неповолен ревизорски извештај за ЈКП Комуналец од Прилеп

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Прилеп за 2022 година

Со извршената ревизија, Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Не е вршена ревизија ниту е издаден извештај за финансиските извештаи на јавното претпријатие за годините кои претходат на годината предмет на ревизија.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈКП „Комуналец“ Прилеп за 2022 година утврдени се следните клучни состојби:

  • во трговските книги евидентирани се објекти и земјиште како и материјални средства за кои не е обезбедена документација, а се доделени на ЈКП со делбен биланс,
  • Пописот на средствата и обврските не е спроведен во целост,
  • не е извршено вредносно усогласување на побарувањата по основ на собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад
  • ефектите од трансакциите/настаните не се признаваат кога истите се случуваат, туку во периодот кога обврските се исплатени.
  • склучени се договори за извршени услуги само со 59.04% од физички лица, а само со 6.36% правни лица.

Документот во целост можете да го преземете на следниот линк:

https://dzr.mk/mk/231129-revizija-na-usoglasenost-2023-konechen-izveshtaj-za-izvrshena-revizija-na-jkp-komunalec

Прочитајте повеќе

Бејби Лазања одби 50.000 евра награда од хрватската влада, сака парите да бидат донирани

Бејби Лазања одби 50.000 евра награда од хрватската влада, сака парите да бидат донирани

Бејби Лазања ја претставуваше Хрватска на овогодишната Евровизија, каде освои второ место, што е најголем …