СДСМ: Пекаше за Влада без ДУИ а влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

СДСМ: Пекаше за Влада без ДУИ а влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

Соопштение за јавност на СДСМ

ДПМНЕ пекаше за Влада без ДУИ, а влезе во Влада со ДУИ.

Се’ што кажа Христијан Мицкоски излажа.

Велеше единствен услов му бил ДУИ да не биде дел од Владата, дека не прифаќа Влада со ДУИ.

Се испишмани, па влезе во Влада со ДУИ.

Сега ДПМНЕ има министри и заменици министри во техничката Влада, кои му се поклонија на Талат Џафери, а велеа дека тој не заслужува да биде технички премиер, иако во периодот 2012-2014 беше министер за одбрана во Влада на ДПМНЕ.

Повторно се виде дека Мицкоски манипулира, го лаже членството, ги лаже граѓаните.

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните, туку фотелјите и власта.

Прочитајте повеќе

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите …