Цвеќе за Навални и покрај опасноста од затвор

Цвеќе за Навални и покрај опасноста од затвор

По смртта на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, руски судови осудиле на  кратки затворски казни повеќе од 150 луѓе поради јавно изразување жалост. Само во Санкт Петербург во саботата и во неделата затворски казни до две недели поради прекршување на строгите руски правила за собири им се изречени на 154 луѓе. И во други градови низ Русија има слични судски пресуди, како што јавуваат независни руски медиуми и организации за заштита на човековите права. Без оглед на опасноста, во низа градови во Русија луѓе положуваат цвеќе и палат свеќи за Алексеј Навални на спомениците на жртвите на политички репресалии, каде постојано патролираат и надгледуваат полицајци и лица во цивилна облека.

Во петокот беше соопштена веста за  ненадејна смрт на 47-годишниот Алексеј Навални, познатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин. Опозиционерот се наоѓаше во казнена колонија на север на Русија, а неговиот тим тврди дека познатиот критичар на Кремљ бил најверојатно убиен.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …