Запален автомобилот на пратеничката на СДСМ, Шуманска – Митева

Запален автомобилот на пратеничката на СДСМ, Шуманска – Митева

Во Виница ноќеска бил опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, неколку часа откако во Собранието беше изгласан Законот за јазиците.

Како што извести МВР, ноќеска околу 1.30 часот на улицата „Славчо Стојменски“ во Виница, непознати сторители скршиле стакло на автомобил „сеат леон“ со винички таблички, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност, која потоа ја запалиле.

Полицијата известува дека е направен увид и се врши истрага.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …