Заев во посета на Австрија и Полска

Заев во посета на Австрија и Полска

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни ќе отпатува во официјална посета на Република Австрија, а на 27 јуни во работна посета на Република Полска.

Во Виена, премиерот Заев ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес конференција. Македонскиот премиер ќе има средба и во Парламентот на Австрија, а ќе се обрати и на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“. Во рамки на посетата, премиерот Заев и владината делегација ќе остварат средби со претставници на бизнис заедницата во Австрија.

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецки.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …