Општина Прилеп додели благодарници на најзаслужните субјекти за годинешниот „Пивофест 2018“

Општина Прилеп додели благодарници на најзаслужните субјекти за годинешниот „Пивофест 2018“

Градоначалникот Илија Јованоски денеска свечено во големата сала на
Општина Прилеп им додели благодарници на сите субјекти коишто имаа
значаен придонес во целосната и беспрекорна организација на годинешниот
16-ти по ред “Пивофест 2018“. Меѓу нив се: СВР Битола, ПС Прилеп,
Територијалната противпожарна единица, Службата за Итна медицинска
помош, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, Центарот за
управување со кризи, Центарот за јавно здравје, Агенција за храна и
ветеринарство, Општинскиот инспекторат, Агенција за обезбедување „НИКОБ“,
многу стопански субјекти кои што го спонзираа овој туристички настан.

„Организацијата и реализацијата на овој фестивал помина во одлична атмосфера. Во оваа пригода сакам на сите вас да ви се заблагодарам, зашто сите на свој начин придонесовте за позитивната енергија, позитивно да се одговори на сите зададени задачи и уште еднаш, мило ми е што сè заврши во најдобар ред. Сакам да им се заблагодарам и на приватните субјекти кои што финансиски го подржаа овој фестивал. Благодарност и до јавните претпријатија кои што беа вклучени цело време, благодарност и до здравствените служби, до Службата за итна медицинска помош, Центарот за јавно здравје, до ТППЕ, Министерството за внатрешни работи и до сите останати институции, кои што несебично го подржаа ‘Пивофест 2018“, рече градоначалникот Јованоски.

Манифестацијата успеа да го достигне врвот во добра организација. Тоа е
голема обврска, за наредниот ‘Пивофест 2019’, да биде уште подобро
осмислен и организиран, како во поглед на нови содржини, така и во
атрактивноста и ексклузивитетот на музичките имиња.
„Пивофест“ не е повеќе само бренд на градот, туку и на целата земја. Тоа се
потврдува преку присуството, со години наназад на голем број странски гости
и иселеници кои секоја година својот одмор го планираат токму за овој настан.
Добар дел од нив се сместуваат на Паркот на револуцијата, каде владее
авантуристичкиот дух на кампувањето.

Оваа година, 16-то издание на „Пивофест“, го посетија над 200.000 граѓани од
Македонија и од странство, а најголема посетеност беше регистрирана во
деновите за викендот, кога во градот влегле околу 8.000 возила.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …