Министерот за здравство демантира дека е доделен спорниот тендер за реагенси

Министерот за здравство демантира дека е доделен спорниот тендер за реагенси

На денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче демантираше дека Министерството склучило договор и дека фирмата чие име се спомнуваше деновиве, го добила тендерот за набавка на реагенси на јавните установи.

„Концептот на централни набавки овозможува оптимално искористување на средствата, па во таа насока Министерството за здравство ќе има можност да ги контролира и предвидува трошоците за тестирање, без оглед каде тие се изведуваат. До крајниот рок за поднесување понуди на распишаниот тендер, пристигна само една понуда. Во моментов, постапката е во фаза на евалуација и сѐ уште не е ниту стигнато до електронска аукција. Од причина што станува збор за тригодишна јавна набавка, проценетата вредност е висока. Доколку не постигнеме заштеда, тендерот ќе биде поништен“, изјави министерот Филипче.

Истовремено, министерот за здравство напомена дека постојат недостатоци во поднесената документација, тендерот ќе биде поништен и дека сѐ што Министерството за здравство прави, е согласно позитивните европски искуства.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …