МТВ: Граѓаните на Македонија ќе имаат поволни летови до атрактивни дестинации

МТВ: Граѓаните на Македонија ќе имаат поволни летови до атрактивни дестинации

Согласно Владината програма, Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски остануваат посветени на развој на воздушниот сообраќај во земјата преку доделување на финансиска поддршка на авиопревозници.

Целта на оваа поддршка е воспоставување на поволни и евтини авиолинии до дестинации атрактивни за граѓаните и стимулирање и раздвижување на авиопревозот и искористување на капацитетите на Охридскиот аеродром.

Во таа насока, во најбрз можен рок ќе биде објавен нов Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски авиопревозници.

Заинтересираните авиокомпании, кои ќе се пријават на Јавниот повик потребно е во предвидениот рок да поднесат уредно и целосно пополнети пријави, согласно законските прописи и условите предвидени во Јавниот повик. Согласно својата деловна политика, секоја авиокомпанија самостојно одлучува за релациите на кои ќе се обраќа.

Она што е битно да се истакне е дека во Буџетот на Министерството за транспорт и врски средствата за финансиска поддршка на авиокомпании се обезбедени и истите ќе бидат искористени за да се создадат подобри услови за патување на граѓаните и да се воспостават атрактивни и евтини авионски линии.

Преку  новиот Јавен повик ќе се избере компанија која во целост ќе ги исполни барањата од Јавниот повик и ќе понуди најголем број на нови дестинации.

Нови, евтини и поволни летови до атрактивни дестинации за граѓаните на Република Македонија ќе има.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …