Денеска и утре скопска Апелација одлучува за затворот на Груевски

Денеска и утре скопска Апелација одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд во Скопје денеска и утре ќе одлучува за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк”, за набавката на луксузниот „мерцедес”, во кој Груевски е осуден на две години затвор. Седница ќе започне во 9,30 часот.

За овој предмет, судијката Добрила Кацарска од Кривичниот суд за Груевски донесе пресуда од 2 години затвор, за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ѓоко Поповски од МВР за „злоупотреба на службената положба и овластување“ беше осуден на 6,6 години затвор.

Доколку за ова кривично дело не се донесе пресуда најдоцна до октомври, тогаш предметот застарува.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …