Апелација ќе одлучува по жалбата на Груевски

Апелација ќе одлучува по жалбата на Груевски

Денеска скопска Апелација ќе ја разгледува жалбата на екс премиерот Никола Груевски за двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“, која Основниот суд Скопје 1 ја донесе за купување на „Мерцедес“ во вредност од 580 илјади евра. Како поттикнувач за извршување на делото, Груевски беше осуден на 2 години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на 6 години и 6 месеци.

Груевски најави дека тој и неговите адвокати ќе го бојкотираат денешното рочиште, бидејќи, како што вчера изјави, судот веќе решил да му одреди казна затвор. Тој очекува одлуката на судот да биде казна затвор помалку од една година, за да нема право на жалба во Врховен суд.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …