Во 56 општини ќе се вработат 650 асистенти за инклузија на децата со посебни потреби

Во 56 општини ќе се вработат 650 асистенти за инклузија на децата со посебни потреби

15 нови асистенти за деца со посебни потреби ќе бидат ангажирани во училиштата во општина Тетово, како дел од проектот кој УНДП го реализира со општината, информираа од УНДП на денешната прес-конференција. Се работи за програма во која е вклучена корисна работа, чија цел е децата со посебни потреби да се вклучат во наставата, односно да се постигне нивна инклузивност во образованието.

– Со ваквите активности сакаме да покажеме колку е важно децата со посебни потреби да се чувствуваат како дел од училиштето. Со оглед на посветеноста на директорите на училиштата и локалната самоуправа, веруваме дека ова ќе биде трајна практика, не само привремено реализирање на проект – изјави претставничката на УНДП во Македонија, Луиза Витон.

Во проектот се вклучени 56 општини, а ќе бидат вработени вкупно 650 асистенти.

– Иако се вработуваат 650 лица, сепак придобивките ќе бидат за илјадници луѓе од повеќето општини во земјата – истакна Витон.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика и АВРМ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …