Продолжува седницата за втората фаза уставни измени

Продолжува седницата за втората фаза уставни измени

Собранието денеска во 11 часот ја продолжува расправата од втората фаза уставни измени што почна вчера по три амандмани, меѓу кои и замената на зборовите „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ и „Македонија“ со „Северна Македонија“.

Вчера пред пратениците премиерот Зоран Заев ги образложи предложените амандмани за уставни измени, убедувајќи ги пратениците дека со тоа не се загрозува националниот идентитет, а министерот за надворешни работи Никола Диумитров побара од опозициските пратеници „да не ги доведуваат во заблуда граѓаните во врска со уставните измени“.

Опозицијата остро се спротивстави на уставните измени, а осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со чии гласови беше постигнато двотретинско мнозинство за отворање на уставните измени, рекоа дека за трите амандмани за кои сега се расправа, ќе бидат воздржани, потсетувајќи на нивниот прелог за помирување.

Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена, а за усвојување на предложените амандмани во оваа фаза е потребно обично мнозинство од 61 глас.

Вчера пред Собранието за време на одржувањето на седницата се одржаа протести против уставните измени, организирани од „Македонија Блокира“. Тие и денес се пред Собранието.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …