Војниците со 45 години ќе може да се вработат во АРМ како цивили без конкурс

Војниците со 45 години ќе може да се вработат во АРМ како цивили без конкурс

Министерство за одбрана подготвува предлог-закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија за решавање на статусни прашања на професионалните војници на кои работниот однос им престанал со навршување на 45 години возраст како и решавање на статусни прашања на лицата со посебни специјалности од особено значење за Армијата.

„Професиналните војници на кои им престанал работниот однос со навршување на 45 години возраст да можат да се вработат во Армијата на Република Македонија како цивилен персонал и лицата со посебни специјалности од особено значење за АРМ да можат да се вработат во МО без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање од органот каде што претходно работеле“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …