Наставниците не сакаат ретроактивно да го пополнуваат е-дневникот

Наставниците не сакаат ретроактивно да го пополнуваат е-дневникот

По објавата на „Мета“, дека е избрана фирмата што ќе го одржува е-дневникот, на социјалните мрежи, во групите за просветни работници, наставниците коментираат дека не е во ред сега да се бара да ги внесат сите податоци за постигањата на учениците и изостаноците во електронскиот дневник за сите 4 месеци и дека тоа за нив е голема обврска. Наставниците сметаат дека тоа што системот не функционираше со месеци не по нивна вина.

„Не е во ред сега да внесуваме податоци за цело полугодие. Ќе беше уште подобро вака да бевме гласни и кога пред неколку години во мај внесувавме податоци за цела учебна година“, вели една наставничка.

Нејзина колешка вели дека таа ќе пополнува податоци во е-дневникот од моментот кога ќе биде пуштен во употреба и дека не смее да се дозволи да биде поинаку.

„Треба да бидеме сложни оти не е маката за пишувањето, зарем малку го правиме тоа, туку проблемот е во односот“, реагира трета наставничка.

Од Министерството за образование и наука неодамна за „Мета“ информираа дека веќе ја избрале фирмата „Сорсикс“ која треба да го одржува е-дневникот. Тој од април годинава не функционира, а се чека системот да биде во функција наскоро.

Со активирањето на електронскиот дневник, родителите/старателите на учениците ќе продолжат да имаат брз и едноставен увид во оценките и поведението на своите деца.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …