Средба на министерот Сугарески со Генералниот секретар на ЦЕИ, Антонионе

Средба на министерот Сугарески со Генералниот секретар на ЦЕИ, Антонионе

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, оствари средба со Роберто Антонионе,  Генерален секретар на ЦЕИ (Централна Европска Иницијатива).

На средбата се разговараше за поддршката што ја овозможува ЦЕИ за реализација на проекти во делот на инфраструктурата.

Министерот Сугарески ги презентираше приоритетите на земјата за развој на транспортниот сектор на Коридорите 8 и 10, како и стратешките правци на земјата во насока на интеграција во ЕУ.

„Република Македонија, активно учествува во работата на ЦЕИ. Во  изминатиот период има користено поддршка од Фондот на ЦЕИ при ЕБРД од програмата за техничка соработка како и од програмата за размена на искуства. Кога зборуваме за секторот транспорт, актуелни се средствата доделени за проектната единица во ЈП за државни патишта и средствата за проектната единица која е предвидена да се формира во ЈП Македонски Железници Инфраструктура, а која е поврзана со реализацијата на втората фаза од изградбата на железничкиот Коридор 8 ”, истакна Сугарески.

На средбата беше потенцирана поддршката на ЦЕИ кон Република Македонија во процесот на приклучување кон Европската Унија.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …