Албанија утре ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Албанија утре ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе отпатува во работна посета во Република Албанија.

Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија ќе присуствува на утрешната пленарна седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

Вчера, Државниот Збор на Република Словенија на вонредна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата, која по Грција, го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …