Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30 улици

Општина Битола: Санирани ударните дупки на коловозите на над 30 улици

На повеќе од 30 улици во Битола, во првата половина на февруари, завршена е санацијата на ударните дупки од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“. Санацијата на коловозите се врши со ладна асфалтна маса и коцка. Се интервенира според фреквентноста, големината и приоритетот на улиците, како и врз основа на доставените пријави од граѓаните. На сите локации, во првата половина на месец февруари интервенирано е со над 11 тони асфалт. Санација со ладна асфалтна маса е извршена на следните улици:

01.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците Партизанска, Македонска Фаланга – потрошено: 2.0 тона асфалт.

02.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Борис Кидриќ, Никола Тесла, Боривое Радосављевиќ, Столарска, Боримечка – потрошено:– 1,0 тон асфалт.

05.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Булевар 1- ви мај, Јане Сандански, Смилевски Конгрес, Партизанска, Охридска, Младински Бригади – потрошено: 2.0 тона асфалт

07.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: 4 ти Ноември, Блаже Рогозинарот, Цар Самоил – потрошено – 1,0 тон асфалт

08.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Васко Карангелевски со ЈНА, 15 ти Корпус, Солунска – потрошено – 1,75 тони асфалт

09.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Недопирливи, Климент Охридски, Д. Влахов, Ѓ. Наумов – потрошено – 1,50 тони асфалт

10.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Д. Илиевски Мурато, Партизанска, Јане Сандански – потрошено – 0,75 тони асфалт

14.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Иво Лола Рибар, Лавчанска, Борис Кидриќ, Драгорска – потрошено – 0,75 тони асфалт

15.02.2019 Крпење со ладна асвалтна маса по улиците: Илинденска, Дебарска, Мирче Ацев – потрошено – 0,75 тони асфалт.

Работните активности на КЈП Нискоградба и санацијата на ударните дупки со ладна асфалтна маса и коцка, продолжува со истиот интензитет, се до палењето на асфалтните бази во Општина Битола.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …