Бахамите и Бермудите меѓу петте најголеми странски инвеститори

Бахамите и Бермудите меѓу петте најголеми странски инвеститори

Во Македонија лани влегле странски инвестиции од 624 милиони евра што е рекордно ниво од 2010 година наваму. Од вкупните инвестиции 404 милиони евра се директни инвестиции, а 220 милиони евра се нераспределена добивка односно реинвестирање на средства од странски компании кои подолг период работат во земјава.

На листата на петте најголеми странски инвеститори во минатата година се Велика Британија со инвестирани 113 милиони евра, Германија (38 милиони евра),  Турција (36 милиони евра), Бермудите (36 милиони евра) и Бахамите (31 милиони евра).

Забележително е што меѓу петте најголеми инвеститори се јавуваат и две егзотични земји познати како даночни раеви.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …