Прилеп: Масовна поддршка за кандидатот за Претседател на државата, Стево Пендаровски

Прилеп: Масовна поддршка за кандидатот за Претседател на државата, Стево Пендаровски

Пишува: Зоран Милошески

Во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Прилеп, денеска започна собирањето потписи за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.

Според информациите од подрачното одделение на ДИК, но и од состојбата на лице место, граѓаните на Прилеп масовно излегуваат за да го дадат својот потпис за Пендаровски. Само во првите 4-5 часови после отворањето на подрачната канцеларија на ДИК, својот потпис за кандидатурата на Пендаровски за Претседател на државата, го дале повеќе од 500 граѓани на општина Прилеп.

Меѓу нив беше и претседателот на Совет на општина Прилеп и прв човек на прилепските социјалдемократи, Миле Талевски кој на својот фејсбук профил напиша:

Прилеп: Масовна поддршка за кандидатот за Претседател на државата, Стево Пендаровски„Се потпишав за кандидатурата на идниот Претседател Стево Пендаровски. Човекот кој ќе го врати достоинството на функцијата Претседател на државата. Докажан човек кој не’ обединува сите нас во визијата и напорите за европска Македонија“.

Прилеп: Масовна поддршка за кандидатот за Претседател на државата, Стево Пендаровски

Својот потпис за поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски, граѓаните ќе можат да го дадат и во следните два дена, петок и сабота, во подрачното одделение на Државната изборна комисија која се наоѓа во стариот објект на Општина Прилеп, и тоа од 9 до 19 часот.

Истовремено, на официјалната веб страница и во сите 80 подрачни канцеларии на ДИК, граѓаните можат да направат увид на податоците во Избирачкиот список и, доколку е потребно, да побараат внесување, измена, дополнување или бришење на податоците.

Увидот во Избирачкиот список ќе трае до 14 март.

 

Прочитајте повеќе

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Стотици луѓе во групи на социјалните мрежи раскажуваат негативни искуства со продавници кои ги наоѓаат …