Едмонд Адеми ќе присуствува на свеченото откривање на бистата на Света Мајка Тереза во Карловац

Едмонд Адеми ќе присуствува на свеченото откривање на бистата на Света Мајка Тереза во Карловац

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, утре и другиден, 23 и 24 март, ќе реализира работна посета на Република Хрватска.

Во организација на градот Карловац, Адеми утре ќе учествува на свеченото откривањето на бистата на Света Мајка Тереза во Националното светилиште на Свети Јосиф, Карловац, Република Хрватска.

За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставници на дијаспората од Република Северна Македонија во Хрватска, при што ќе ги информира за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората и ќе ги разгледаат можностите за идна заедничка соработка, со цел реализацијата на активностите кои произлегуваат од стратегијата и акцискиот план.

Дополнително, за време на посетата во Хрватска, Адеми ќе го посети местото каде што се гради македонската православна црква во Загреб и ќе оствари средба со отец Кирко Велински.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …