Локализиран пожарот што ја зафати околината на Битола

Локализиран пожарот што ја зафати околината на Битола

Пожарот кој попладнево зафати делови од атарот на селото Ротино е локализиран. Со масовна интервенција на терен од страна на екипи на територијалната противпожарна единица, потпомогнати со едно противпожарно возило од Општина Ресен и од РЕК Битола, со механизација и возила од јавните претпријатија, со помош на вработените во Националниот парк „Пелистер“ и локалното население, како и со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, не се дозволи негово проширување кон моликовата шума.

Дежурни екипи и синоќа останаа на локацијата со цел превентивно да делуваат доколку пожарот повторно се разгори. Во зависност од тоа, Кризниот штаб денеска ќеодлучува дали и понатаму ќе бара вклучување на воздухоплови за гаснење на огнот.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …