СДСМ: Сиљановска по стапките на Груевски, побегна од дебата, не ги почитува граѓаните

СДСМ: Сиљановска по стапките на Груевски, побегна од дебата, не ги почитува граѓаните

Соопштение на СДСМ:

По стапките на Никола Груевски тргна и Сиљановска.

Гордана Сиљановска денеска побегна од новинарите, побегна од граѓаните, од јавноста.

Што подалеку бега Сиљановска од граѓаните за кои самата рече дека не ги познава.

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите и не ги почитува новинарите.

Од што сакаше да побегне Сиљановска?

Од тоа што е во друштво со осудени за изборни измами?

Од тоа што се потврди дека е неискрена и нечесна кон граѓаните?

Како тргнала Сиљановска ќе избега во Будимпешта.

Сиљановска треба да знае дека од вистината не може да побегне.

Со вакво однесување Сиљановска потврдува дека не е достојна за функцијата за којашто се кандидира.

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …