Народна банка оцени дека има поволни поместувања во економијата

Народна банка оцени дека има поволни поместувања во економијата

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата вчера одлучил каматната стапка на благајничките записи да остане на истото ниво од 2,25 проценти поради поволните поместувања во економијата.

„Во однос на најновите макроекономски показатели, по релативно солидниот раст на економијата во 2018 година, досега расположливите високофреквентни показатели за економската активност во првото тримесечје на 2019 година упатуваат на натамошни поволни поместувања во економијата, видливи преку забрзаниот раст на индустријата и трговијата, при истовремен натамошен, но поумерен раст кај градежништвото“, се вели во соопштението на Народна банка.

Во април има солиден месечен прираст кај вкупните депозити, кој во еден дел произлегува од растот на штедењето на домаќинствата, како и на растот на корпоративните депозити. На кредитниот пазар, во април продолжил месечниот раст на кредитите, при раст на кредитирањето и на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …