Промоција на конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на брајово писмо и во аудио формат

Промоција на конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на брајово писмо и во аудио формат

Денеска со почеток во 12.00 часот, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се оддржи настан „Промоција на конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на брајово писмо и во аудио формат“, на којшто ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски.

Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на Брајово писмо и аудио формат ќе ја презентираат Владо Крстовски – претставник на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Билјана Петковска – директорка на Македонскиот институт за медиуми и Тони Пајдаков – претставник на Здружението на слепите лица на Општина Велес.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …