Претседателот Пендаровски со поддршка на иницијативата за реформа на изборниот модел

Претседателот Пендаровски со поддршка на иницијативата за реформа на изборниот модел

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.

Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото и правото на фер и слободни избори се важен фактор за просперитетот на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …