Концерт на младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес на Прилепското културно лето

Концерт на младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес на Прилепското културно лето

Во рамките на Прилепското културно лето, утре, вторник 25-ти јуни со почеток во 19.30 часот во кино „Мис Стон“, целовечерен концерт ќе одржи младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, под раководство на диригент Веселинка Маџарова.

Детско младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј” е формиран во 2012 година, во рамките на Здружението за дејности од уметноста и културата ,,Артокарина‘‘ – Велес. Со развојот на хорот и напорната работа, тој доби на квалитет во изведба на хорски компизиции од различен музички карактер.

За квалитетот и прогресот на хорот зборуваат и меѓународните награди кои се добиени во последните четири години. Хорот настапува на манифестации организирани од повеќе општини во нашата земја, манифестации организирани од невладини и хуманитарни организации, а повремено учествува во Светата Божествена Литургија.

Детско младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј” е најмлад хор во Македонија кој учествува на Светата Божествена Литургија и тој има обемен репертоар на композиции од различен карактер, како и обемна концертна активност.

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …