Берачите на липов цвет ги соголија липите на Градските гробишта во Прилеп

Берачите на липов цвет ги соголија липите на Градските гробишта во Прилеп

И покрај заложбите на комуналците да ги одржуват дрвјата во градските гробишта, берачите на липов цвет немилосрдно ги кршат и пустошат дрвјата, а дополнително ги оштетуваат и надгробните споменици.

По пријава на стражарската служба на ЈКП „Комуналец“ и брзата реакција на полицијата, на лице место биле фатени група на берачи, кои по пристигнувањето на полицајците се дале во бегство, а зад себе ги оставиле запрежната кола и вреќите полни со липов цвет.

Екипи на ЈКП „Комуналец“ денеска работеа на расчистување на хаосот кој зад себе го оставиле берачите на цвет од липа.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија